Oтворена можност за мобилен виртуелен оператор

Еве дел од официјалното соопштение:

Мобилниот виртуелен оператор може да издава свои сопствени SIM картички, да поседува свој сопствен мобилен мрежен код (MNC), да поседува мобилен комутациски центар (MSC), да склучува договори за користење на услугата на интернационален роаминг за неговите претплатници, да менаџира со доделени серија на броеви, како и да обезбедува услуги кои ќе се продаваат под негов сопствен бренд.

При извршената анализа за можноста за воведување на мобилен виртуелен мрежен оператор во Република Македонија, од страна на Агенцијата за електронски комуникации, утврдено е дека на пазарот можат да се појават различни модели на даватели на услугите, и тоа:

  • основен модел на мобилен виртуелен мрежен оператор, каде новиот учесник на пазарот вложува минимални средства, односно работи под свој бренд а може да користи и свои дистрибутивни канали. Понудените услуги ги обезбедува преку ресурсите на мобилниот мрежен оператор на кој хостира,
  • целосен модел на мобилен виртуелен мрежен оператор, во кој мобилниот мрежен оператор ја обезбедува пристапната мрежна инфраструктура, додека сите останати компоненти на мрежата се обезбедуваат од страна на виртуелниот оператор, како и
  • делумен мобилен виртуелен мрежен оператор, модел кој е позициониран помеѓу основниот и целосниот модел на мобилен виртуелен мрежен оператор.

Мобилни виртуелни мрежни оператори функционираат во повеќе земји, меѓу кои и Германија, Холандија, Франција, Данска, Велика Британија, Финска, Белгија, Португалија, Австралија и САД.

Со воведувањето на мобилен виртуелен мрежен оператор се очекува да се оствари поголема искористеност на мрежните капацитети што треба да резултира со намалување на трошокот за нудење на услугата по единица производ од страна на операторите. Очекуваните бенефити вклучуваат нудење на нови маркетинг услуги, дополнително стимулирање на странски и домашни инвестиции преку вложувања во мрежни компоненти и дистрибутивни канали и можност за влез на странски мрежни оператори во форма на мобилни виртуелни мрежни оператори на домашниот пазар.

2 коментари на “Oтворена можност за мобилен виртуелен оператор

    1. ahaa… но во сопственост на самиот космофон.
      Ова е можност за трети страни да можат виртуелно да создаваат оператори, соработувајќи и користејќи ја мрежата на постоечките физички оператори.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии