Отворена е истрага за превисоките цени за .sucks домени

Агенцијата во чија надлежност се веб адресите е загрижена и започнува истрага околу превисоката цена на .sucks доменот. ICANN започнува истрага со Vox Populi кој ги имаат правата за продажба на овие имиња откако излегоа детали за превисоки цени. Генеричкиот домен се уште не е пуштен во продажба, но во тек е ексклузивна препродажба на .sucks домени на компании и јавни личности кои сакаат да го заштитат својот бренд.

Добар дел од домените кои заршуваат на .xxx, .porn или .sucks се купени од компании и јавни личности кои сакаат да го заштитат својот углед. Тејлор Свифт ги купи TaylorSwift.porn и TaylorSwift.adult домените, Ричард Брансон се одлучи за сличен потег, а Microsoft е сопственик на Office.porn и Office.adult домените. Сопственици на своите .sucks домени се Microsoft, актерот Кевин Спејси, Google и Apple.

Праксата е позната как одбрамбена регистрација на домени и се користи за заштита на брендовите, но тоа што овојпат е изненадување е превискaта цена на домените која ја наметна Vox Populi. Овојпат се чини дека станува збор за своевидно изнудување, со оглед на тоа дека компанијата нуди домени кои веќе претходно биле дел од оваа пракса.

„Наплатуваат 2.000 долари за сите кои сакаат да реистрираат .sucks адреса порано, пред да следниот месец адресите да и бидат достапни на јавноста. Истотака користат зборови и имиња кои и преходно беа дефанзивно регистрирани. Изгледа дека ја формираат цената врз основа на тоа што компаниите можат да си го дозволат“, вели Domain Incite, a пренесува BBC.

Vox Populi велат дека не ги прекршиле правилата и дека и праксата и цените со во рамките на регулацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии