Започна конкурсот на избор на 50 најдобри е-бизнис планови за е-продавници. Ова е првиот дел од „Сто веб продавници за 100 .мк бизниси“, амбициозниот проект на Министерството за инфоматичко општество и администрација.

Проектот има за цел да ја мотивира електронската трговија во Македонија и затоа МИОА ќе спонзорира продавници за македонски бизниси, односно ќе им отвори продавниците и ќе ги обучи бизнисите како да ги користат. По една година продавницата ќе биде оставена во рацете на е-трговците.

За да добијат продавница, .мк бизнисите ќе треба да направат соодветен бизнис план. На конкурсот кој е во тек ќе се избираат најдобрите 50 бизнис планови за е-продавници. Останатите 50 е-продавници ќе се отворат идната година.

Изборот на најдобрите 50 бизнис планови ќе го изврши Комисија за избор, составена од по еден претставник на Сојузот на Стопански Комори, Стопанската Комора на Република Македонија, МАСИТ, Северозападната Комора, Занаетчиска Комора на Република Македонија, Министерство за информатичко општество и администрација и Министерство за економија. Истата Комисија ќе биде одговорна и за следење на работата на електронските продавници.

Бизнис плановите ќе бидат бодувани според следните критериуми:

  • Образложение и практична изводливост на идејата во бизнис планот;
  • Човечки и материјални ресурси за отпочнување/развој на бизнисот;
  • Обезбеден извор на финансирање за отпочнување/развој на бизнисот, како и механизми за обезбедување на оддржливоста на бизнисот, т.е континуитет во работата;
  • Обезбеден начин на дистрибуција на производ/услуга кои ќе бидат предмет на тргување на е-трговецот (Договор со дистрибутивна фирма, Сопствена дистрибутивна служба или слично);
  • Презентација на бизнис идејата и Бизнис планот;

Повеќе детали за потребните документи и правилата на конкурсот ќе најдете на сајтот на МИОА.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии