Отстранете заклучени фајлови со LockHunter

Порано или подоцна, корисниците ќе наидат на несакани фајлови и фолдери. Процедурата за нивното отстранување е крајно едноставна и по притискање на комбинацијата shift+delete не размислувате понатаму на ова. Но, што доколку несаканите фајлови не можете да ги избришете?

Се случува некои фајлови да бидат заклучени од самиот оперативен систем. Таквиот заклучен фајл би можел да се користи во позадина за нешто, или пак да крие малвер. Доколку сте сигурни дека не се работи за системски фајл чијо бришење би можело да ја загрози системската стабилност, пробајте да го избришете со LockHunter.

Како апликација, LockHunter постои неколку години. По две години никакви надополнувања, најновата 3.3 верзија донесува подобрен кориснички интерфејс кој прикажува кои фајлови сте решиле да се избришат по рестартирање на системот. Можете да изберете повеќе фајлови и да прочитате што ги заклучува сите нив. Паралелно со ова, воведена е поддршката и за влечи-пушти постапката.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии