Отстранете веќе-гледани видеа од YouTube со FreshView

Мартин Јованчевски

во Веб

YouTube е феноменална платформа, но понекогаш знае да фрустрира со константното форсирање на видеа што сте ги гледале неколку пати и никако не сакате одново да се навраќате на нив.

Со FreshView секојпат кога ќе извршите пребарување на YouTube, во резултатите нема да се појавуваат видеа кои веќе сте ги одгледале. Преку алатката можете и да поставите услов колку да мора да го одгледате видеото за да истото биде сокриено при наредно пребарување.

Функцијата на FreshView нѝ се чини како следниот еволутивен чекор на црвената долна линија под секое претходно одгледано видео. Екстензијата, меѓутоа, е само за прелистувачот Firefox, а можете да ја преземете од тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии