Отстранете ги непотребните фајлови со BleachBit

Advanced SystemCare, особено најновата, тринаесетта верзија, е одлична алатка за максимално чистење и забрзување на вашиот компјутер.

Но, доколку барате open source алатка која специјализира во отстранување ѓубре, BleachBit е одличен избор. Со отстранување непотребни фајлови од вашиот компјутер, се ослободува простор. Паралелно со ова, можете да ја заштитите вашата приватност така што безбедно ќе избришете лични податоци. Процедурата со бришење е доволно комплексна за да ги сотре напорите за враќање на податоците. Со опцијата Wipe Free Space можете целосно да ги отстраните сите фајлови кои сте ги избришале во минатото.

BleachBit е доста флексибилна алатка која ви дозволува да одберете кои области да се скенираат. Со кликнување на копчето Preview ги гледате резултатите, а со кликнување на копчето Clean, го започнувате процесот на нивното бришење. Можете да го прекинете процесот на бришење со кликнување на црвеното копче на горната лева страна.

Најновата, трета верзија значително го менува изгледот на алатката. Овојпат, интерфејсот е пропратен и со мрачен режим. Доколку сакате да се вратите на старата, бела основа, одете во менито, па преку Preferences, кликнете на јазичето General и дештиклирајте Dark Mode. Авторите ветуваат значително подобрени перформанси, како и потемелно чистење.

Особено нѝ се допадна алатката која креира стотици фајлови во кои ви дозволува да скриете важни документи. За ваквиот Chaff процес, кликнете на Menu копчето, изберете Make Chaff и одберете инспирација како и колку фајлови да се создадат. Потоа, изберете фолдер каде да се создаде ваквото множество од фајлови. Можете да изберете веднаш да се избришат фајловите или да ги задржите. Имајте во предвид дека за време на првата процедура ќе бидат преземени мали фајлови кои ќе бидат искористени за создавањето на chaff.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии