Отстранете ги непотребните апликации во Windows 10

Мартин Јованчевски

во Софтвер

Bloatware е софтвер кој се наметнува од производителот поради одредени комерцијални причини. При инсталирање Windows 10 корисникот навлегува во околина со многу апликации кои најверојатно никогаш нема да ги користи. Доколку сакате на брз начин да ги отстраните истите, тогаш потребна ви е апликација како Bloatbox.

Bloatbox e мала и бесплатна алатка која првенствено се истакнува како поедноставна за користење алтернатива на Windows PowerShell. По покренување на алатката, изберете ги апликациите кои не ги сакате на вашиот хард диск и префрлете ги на десниот столб кој се вика Remove apps. Со кликнување на копчето uninstall го започнувате процесот на отстранување. Одредена доза внимателност и те како се препорачува така да бидете сигурни дека знаете што бришете.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии