Отсега двојна сигурност на вашата Google сметка

Поголемиот број од нас користат иста лозинка за повеќе сервиси или веб страници. Ако било кој од тие сервиси, кој има послаба сигурност, е хакнат, можеме да изгубиме за нас вредни информации.

Google го решаваат тој проблем со вклучување на телефонот во процесот на логирање, што значи дека за логирање на вашата Google сметка ќе ви се потребни и лозинката и код кој ќе го добиете на вашиот телефон. Ако отидете на >страницата на вашиот Google профил, ќе видите веднаш опција за Using 2-step verification како погоре на сликата.

Откако ќе кликнете на линкот, ќе ви требаат 15-тина минути за да го верифицирате логирањето од 2 чекори; ќе треба да се генерираат и резервни кодови за резервен телефон, во случај да го загубите пристапот до вашиот примарен телефон.

Логирањето откако ќе го овозможите овој напреден начин на сигурност ќе се одвива вака: ќе видите додатна страница која бара од вас код кога ќе се логирате на вашата сметка. По внесувањето на лозинката, Google ќе ви се јави за да ви го каже кодот, ќе ви прати SMS порака или вие самите ќе го генерирате кодот користејќи апликација на вашиот Android, Blackberry или iPhone уред, и ова е оставена на ваш избор. Откако ќе го внесете кодот, постапката е завршена.

Иако ова е додатен чекор и одзема од вашето време, сепак пружа вистинска сигурност. За да може некој да навлезе и злоупотреби вашата Google сметка, треба да ги поседува и вашата лозинка и вашиот телефон. Секако, Google оставиле опција да може да го запаметите кодот во рок од 30 дена за кој период нема потреба повторно да внесувате код. Исто така, постои можноста да си сетирате лозинки за една употреба кои се ограничени по апликација за да можете да влезете во вашата сметка и од апликации кои не се базирани на прелистувачи, и кои можат да бараат од вас само лозинка, но не можат да ви побараат код.

Овде ќе најдете подетални информации околу оваа верификација и како да ја овозможите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии