Откријте што крие Скопје: профилот на 365.com.mk е пример како треба да се користи Foursquare

“Откријте го најдоброто од она што го крие Скопје! Ви претставуваме места каде можете да пробате вкусни јадења, да испиете шолја кафе со безжичен интернет или пак да ја завршите вечерта со егзотичен коктел и диско музика. Следете нè!”

Oва е пораката од забавниот портал 365.com.mk до корисниците кои ќе го посетат нивниот Foursquare профил. Профилот е преполн со информации, совети и фотографии за одредени локации во Скопје, па воопшто не е чудно што е следен од над 1.000 луѓе, а секој нивен совет за локацијата им се допаднал на десетици, некои на стотина корисници.

„Сакав да го споделам моето искуство – убави јадења и пијалоци кои вреди да се пробаат. Вакво нешто фалеше во Скопје, бидејќи немаме градски информатор или некој критичар за храна кој ќе не посочи кон убавите работи во градот.“, вели Андреј Шевченко, уредникот на 365.com.mk.

Foursquare (или 4sq) е друштвена мрежа преку која корисниците ја споделуваат својата локација, односно со „чекираат“ од најразлични барови, хотели, ресторани, плоштади… Сервисот е популарен ширум светот со над 20-тина милиони корисници. Популарен е и во Македонија каде има активна заедница која прва на Балканот ја отклучи Super Swarm значката. Значките на Foursquare се награда за одредено достигнување, наменети да ги забавуваат тие што го користат. Но, тие се само мал дел од искуството.

Тоа што му ја дава вредноста на Foursquаre е што им овозможува на корисниците да споделат препорака за местото и да им помогнат во изборот на другите. Колку повеќе е посетувано местото, заедно со препораките, фотографиите и попустите кои бизнисите знаат да ги дадат, толку полесно може да се отслика тоа што се случува таму, односно местото да биде поинтересно и за другите.

„Советите ги проверувам често и оние кои не одговараат на реалноста (лоша услуга, променлив квалитет) ги бришам. Лоши совети не пишувам, поради тоа што такви би имало многу. Се трудам да го презентирам најдоброто од Скопје, за скопјани и сите останати кои не знаат од каде да почнат да го истражуваат градот.“, вели Андреј. „Се чекирам секојдневно, но можам да кажам дека апликацијата има најголема корист за мене кога сум во странство, поради Explore опцијата.“

Профилот кој го води Андреј се истакнува од другите бидејќи споделува информација заедно со локација, додека многумина корисници само ги споделуваат своите чекирања на друштвените мрежи. Но, споделување на местото каде сте вие не е доволно добра информација која ќе ги засегне другите. Според Андреј, најдоборо е да се споделуваат „корисни совети за местата кои ви се омилени“ и да се објавуваат фотографии од нив.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии