Откријте го Rimac – епизода 4

Во 2011 година Мате Римац излезе од својата гаража и со тројца вработени започна да работи на својот електричен автомобил во првиот погон. Со ова започна патот во креирање на еден од најлуксузните и најдобри електрични автомобили. Денес тој е најбогатиот човек во Хрватска, а во Rimac Motors работат над 550 вработени.

Тимот на Rimac поради брзиот раст, последниве години неколку пати го надградуваше погонот во кој работи, а сега е дојдено време повторно да се прошират. За да го „овековечат“ овој момент издадоа серија од 4 видеа под наслов „Discover Rimac“, во кои основачот на компанијата Мате Римац ни претставува различни оддели и погони на компанијата. Ова е последно видео од овој серијал и во оваа „епизода“ се запознаваме со: одделот за индустрализација; хомологација; контрола на квалитет;развој на автономни возила; развој на компоненти и велосипедите Greyp.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии