Откријте го Rimac – епизода 2

Во 2011 година Мате Римац излезе од својата гаража и со тројца вработени започна да работи на својот електричен автомобил во првиот погон. Со ова започна патот во креирање на еден од најлуксузните и најдобри електрични автомобили. Денес тој е најбогатиот човек во Хрватска, а во Rimac Motors работат над 550 вработени.

Ова е втора, од четирите епизоди од серијалот „Откријте го Rimac“, а во оваа епизода основачот Мате Римац ни ги претставува алатките кои ги користат во производство. Дел од видеото е оставен и за сите материјали кои Rimac ги користи за изработка на различни делови на возилата.

Иако првиот дел од презентацијата е фокусиран на каросеријата и ентериерот на возилото, вториот е посветен на електричните делови и започнува со батериите. Она што е поинтересно е дека во батериите единствениот дел кој не се произведува во фабриките на Rimac се самите батериски ќелии, сè останато од ладење, системи за управување со батериите, до системите за безбедност се решение на Rimac.

Последниот дел од оваа епизода е за испитувањето на електричните машини. Токму лабораториите за тестирање се една од причините за зголемувањето на погонот на Rimac.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии