Откријте ги перформансите на вашиот PC и Mac уред со Novabench

Како четврта верзија, Novabench поефикасно извршува тестови врз хардверот на вашиот компјутер. По инсталирањето, алатката врши најразлични benchmark тестови и ви дозволува да ги споредувате резултатите онлајн за да пробате да видите дали има некои потенцијални проблеми. Тестовите се вршат на вашиот процесор, графичка карта, поточно Direct3D 11 и OpenCL, меморија и брзина на читање и запишување податоци на хард дискот.  Финалниот приказ го споредувате со илјадници слични системи, а и лесно можете да наидете на совет за понатамошни чекори.



Novabench се испорачува во инсталациона или пренослива форма, а најновата верзија има редизајниран интерфејс и надополнети тестови за процесорот. Горе споменатите Direct3D 11 и OpenCL се нови тестови за графичката карта, како и тестовите за проверка на брзината на дискот. Сајтот за споредување на вашиот компјутер со останатите конфигурации е исто така подобрен.

Еднократна финансиска посвета од 19 долари, ви ја дава на располагање професионалната веризја на Novabench. Во неа ќе најдете можности за следење и бележење на температурите на процесорот, тестирања во одредени временски интервали и интерфејс за команди и извршување тестови од далечина.

Novabench е за Windows 7/8+/10 или MacOS, а тежи нешто повеќе од 90MB.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии