Откријте ги паранормалните појави во светот со Liminal Earth

Духови, вештерки, зомби, вампири и вонземјани. Феноменални теми за приказни и претстојната ноќ на вештерките. Но, дали е сево ова фантазија или, длабоко во секој натприроден заплет, се крие и трага вистина?

Liminal Earth е мапа на невообичаеното, прекрасното и неочекуваното. На веб сајтот можете да добиете увид и детално да ги истражите сите паранормални појави кои биле воочени и пријавени од корисниците.

Како огромни фанови на натприродното, чепкање низ мапата нѝ пружи исклучително задоволство. Легендите се за пофалба и нудат значително подобра прегледност. Имено, една легенда одбележува мрачни сили, друга легенда се посветува на временски искривувања, трета за митолошки суштества, четврта за НЛО, петта за визии, шеста за чудни животни и така натаму.

Со оглед дека се работи за мапа на целиот свет, не можевме, а да не одолееме на желбата да ја побараме и Македонија и да видиме какви сè хорори има таму. За среќа, од овој калибар, не најдовме ништо, но, доколку мислите дека зоната на самракот ја има обвиткано и нашата држава, не пропуштајте ја приликата да го споделите искуството со светот така што ќе кликнете на копчето CLICK HERE TO ADD YOUR STORY.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии