Откријте кои податоци ви заземаат најмногу простор со WizTree

Порано или подоцна, се наоѓаме во ситуација хард дискот да е полн, а ние да немаме добар увид за тоа кои би биле најголемите престапници. WizTree е алатка која ќе ги анализира драјверите и ќе ги идентификува фајловите и фолдерите кои заземаат најмногу простор.

За да можете да добиете визуелен пристап на таквите податоци, потребно е да го одберете саканиот драјв од паѓачкото мени. Потоа, кликнете на Scan и резултатите ќе се прикажат во долниот прозорец.

WizTree ви дозволува лесно да ги реорганизирате фајловите и фолдерите и директно да ги истражувате содржините на драјвот. Откако ќе налетате на големите фајлови, можете истите да ги избришете, или пак да ги преместите.

WizTree се испорачува како 32 или 64 битна верзија. Доколку системот е способен, погрижете се да ја преземете 64 битната верзија.

За идентификување на најголемите податоци, одредени корисници одат и со Disk Mapper. Ова е исклучително стар програм кој никако не го препорачуваме, особено екстремно високата цена од 50 долари.

WizTree, од друга страна, е целосно бесплатен за користење. На официјалната страна, можете да наидете и на уште неколку други, корисни алатки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии