Откријте ги бесплатните игри, додатоци, валути и подароци со Free Game Keys

Free Game Keys веб сајт кој нема да освои награди со не инспиративниот дизајн. Нема ни да ве освои со тони од реклами кои тврдоглаво ги сервира со секој ваш клик. Но, Free Game Keys е корисна дестинација за приказ на сите моментни промоции и бесплатни подароци за клучеви за игри, додатоци, изгледи, и валути. Од една појдовна точка, успеавме да дознаеме дека Battlefield 5 дава бесплатни оружја, а Minecraft подарува мапи и изгледи. Паралелно со ова, потврдивме и дека Super Meat Boy е бесплатна на Epic, а Indie Gala ја подарува играта Arelite Core.

Она што навистина не нѝ се допадна е тоа што одредени реклами се маскирани. Па така, League of Angels 3 доминира насекаде, вешто вдомена како бесплатна временска промоција.

Доколку вие наидете на некоја зделка, лесно можете да ги известите одговорните лица преку Submit копчето. На располагање имате и опција за автоматско известување преку и-мејл, секојпат кога некоја нова или интересна понуда ќе се најде на сајтот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии