Откриено е како ќе изгледа xCloud преку прелистувач

Мартин Јованчевски

во Веб, гејминг

xCloud е стриминг услугата за Xbox игри на Microsoft. Услугата е достапна за користење преку најразлични Android направи за сите претплатници на Game Pass Ultimate. Пред неколку месеци, Microsoft објави дека на пролет се очекува овозможување на истата услуга и директно преку прелистувач. Новиот извештај на The Verge, меѓутоа, покажа како сето тоа всушност би изгледало.

Корисниците на стриминг услугата на Google – Stadia веднаш реагираа дека има премногу сличности помеѓу двете услуги. Како додатен плус, xCloud ќе им дозволи на играчите да продолжат со играње преку прелистувач на одредена игра која претходно ја играле на нивната конзола. За такво нешто ќе треба да имате приклучено гејмпад.

Game Pass претплатата одлично функционира во Македонија. За предностите пишувавме нашироко тука. Македоците без проблем можат да уживаат во Game Pass Ultimate предностите, во сè освен во xCloud. За жал, оваа услуга не е дозволена во Македонија, дури и програмот не можете да го преземете директно од Google Play продавницата. Доколку ја преземете апликацијата како .apk фајл и ја инсталитате ќе можете без проблем да пристапите кон неа, но не и да започнете гејминг сесија. Да се надеваме дека работите ќе се сменат на пролет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии