Откриени следните 3 игри кои ќе бидат бесплатни на Epic Store

Epic Store и понатаму продолжува со нудење бесплатни игри за сите гејмери. Најновата игра на понудата е феноменалната GTA 5, но, и следните 3 игри, никако не би требало да се за потценување.

Според неофицијален и непотврден извор во форма на слајд, крајот на месецот можете да го резервирате за бесплатно втурнување во Civilization VI, Borderlands: The Handsome Collection и Ark Survival Evolved.

Epic's next three free games have leaked - A great collection of PC titles
Дали знаевте дека до сега Epic Store има подарено 108 игри? Под услов да ги имате зграпчено сите, тоа е вредност од 2000 евра.

21 мај – Civilization VI ќе стане бесплатна. Датумот се поклопува со излегувањето и на New Frontier Pass – сезонска пропусница која ќе ја прошири оваа turn-based стратегија со нови цивилизации и содржини низ целата година.

28 мај – Borderlands: The Handsome Collection е колекција од стотици часови адреналинска акција во постапокалиптично и откачено опкружување. Неверојатно вредност во која се вклучени и Borderlands 2 и Borderlands: The Pre-Sequel

4 јуни – Ark Survival Evolved ќе стане бесплатна. Се работи за интересна и крајно комплексна акциона-авантура со елементи за преживување и напредни можности за градење и создавање оружје и опрема.

Како ви се допаѓаат игрите? Која игра вие би сакале да ја видите за време на распродажбата која ви дава купон од 10 евра за секоја игра над 15 евра?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии