Oткриени критични пропусти во Flash Player и Adobe Reader

Конкретно, пропустите ги има во Adobe Flash Player 10.0.45.2, 9.0.262, 10.0.x and 9.0.x, Adobe Reader 9.3.2 и 9.x верзиите за сите платформи – Windows, Mac OS, Linux и Solaris.

Аdobe се уште работи на закрпите, а додека најде решение советува да се апдејтираат анти-вирус програмите, како и да се надогради Adobe Flash Player во 10.1 верзијата која „се чини дека ги нема овие пропусти“. За Аdobe Reader и Acrobat корисниците треба да го избришат “authplay.dll” фајлот кој може да се најде во C:Program FilesAdobeReader 9.0Readerauthplay.dll. Сепак, тоа може да доведе до срушување на софтверот при отварање на .pdf фајл, вели Adobe.

Покрај горните совети, Ѓоко Крстиќ, од Zero Science Lab, препорачува да се следат безбедносните булетини на програмите кои ги користите, бидејќи при секој најден баг или пропуст ќе добиете имејл со информации за проблемот и решение или закрпа. Исто така корисно е да се користат и програми за детектирање ранливости, како бесплатниот PSI на Secunia.

1 коментар на “Oткриени критични пропусти во Flash Player и Adobe Reader

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии