Откриени датумите за огромната летна распродажба на Steam

Како и секоја година, предвреме се открија датумите за една од најголемите распродажби на игри на Steam. Летната распродажба ќе започне на 25 јуни и ќе трае две недели, сè до 9 јули.

Веста првин беше откриена и споделена на SteamCn, кинески сајт на Steam фанови, а подоцна потврдена од Steam Database, како и дополнително поддржана од неколку други извори.

Пред распродажбата, Steam обично испраќа мејлови до развивачите, ги известува за претстојната распродажба и им дава доволно време да ги дефинираат попустите на нивните игри, замолувајќи ги притоа да не откриваат детали за датумите. Оваа молба, како што сме сведоци секоја година, секогаш паѓа на глуви уши и гејмерите точно знаат од кој датум можат да го започнат процесот со банкротирање.

Инаку, и Epic Store ја започна нивната прва голема распродажба.