Откриен руски шпион кој работел зa Мicrosoft

Интересно според американските власти (и неговиот Facebook профил) Каретников работел скоро девет месеци како тестер на софтвер за Microsoft и за Neobit, романска ИТ компанија. Тој влегол во САД во октомври и „цело време бил набљудуван и нема никакви критични информаци“ велат американците кои, бидејќи се без докази да го оптужат за криминал, само го депортираа назад во Русија.

Младиот шпион е, најверојатно, дванаесетиот член на руската шпионска група, од која десетмина беа уапсени на 27 јуни, додека 11-тиот руски шпион останува во бегство.

Откриено е дека русите користеле ад хок мрежи за префлање на податоците, кодови вметнати во слики закачени на јавни веб странии дека користи едноставна технологија, радио на кратки бранови за праќање на пораки во вид на радиограми, лажни пасоши за патување и други трикови кои ги инспирираат режисерите на шпионските филмови.

По откривањето на шпионската група се случи најголемата размена на шпиони меѓу САД и Русија после Ладната војна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии