Oткриен е Flame, злонамерен шпионски софтвер кој ги таргетира Иран и Израел

Kaspersky Lab откри софистициран злонамерен софтвер кој масивно инфицирал околу 600 системи на индивидуалци, компании, академски и владини институции на Иран, Израел, Судан, Сирија и Саудиска Арабија, крадејќи им информации уште од 2010 година.

Flame, како што го нарекуваат софтверот, е дел од добро-координирана сајбер шпионажа за која се потребни ресурси од државно ниво. Kaspersky не се охрабри да покаже со прст на одредени земји, иако осомничени може да бидат САД, Русија или Кина бидејќи се единствените со доволно технолошка способност да креираат софистициран софтвер кој е поопасен од Stuxnet кој во 2009-2010 ги напаѓаше иранските нуклеарни централи.

„Stuxnet и Duqu припаѓаат на ист ланец напади, што ги загрижија сите ширум светот.“, вели основачот на Kaspersky Lab, Јуџин Касперски. „Flame софтверот изгледа како да е уште една фаза на оваа војна, и е важно да разбереме дека вакви сајбер напади лесно можат да се искористат против било која земја.“

По откритието на шпионскиот софтвер, се одјави иранскиот тим за компјутерски напади кој рече дека креирале детектор за да го откријат Flame во одредени институции.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии