Откако го освои App Store, Flappy Birds беше тргната од програмерот

Играта која ги зазема AppStore и Google Play, Flappy Bird веќе не е достапна, откако креаторот Донг Нгуен ja прекина продажбата во двете најголеми продавници за апликации. Ова секако е огромно изненадување пред се ако се има во предвид дека играта просечно заработуваше 55.000 долари дневно од милиони играчи.

Играта само во AppStore е преземена над 50 милиони пати, а се чини дека г. Донг нема проблеми со авторски права, туку играта сепак му го нарушува секојдневниот живот, а се чини дека чувствува и одговорност за опсесивноста која играчите ја имаат со Flappy Bird. Љубителите на играта не треба да очајуваат г. Донг веќе најави дека сè уште креира игри, па можеби наскоро ќе го видиме наследникот на играта која прекуноќ ја освои публиката.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии