Project Tango e помошникот на Google во креирање на проширена реалност. Се работи за фантастична технологија, ако се суди според новите видеа кои ги презентираат можностите. Платформата на Google ќе овозможи роботи да можат да се движат низ претходно препознаен простор или да се играат видеоигри во непосредната околина.
Новитет е промената на процесорот во експерименталните Tangо телефони и таблет компјутери. Досега Google ги користеше Tegra K1 на Nvidia, а новиот процесор е Snapdragon 810 од Qualcomm, со Adreno 430. Во моментов Qualcomm е најбрзиот процесор за мобилни уреди, но Nvidia го претстави заменикот на K1, Tegra X1 кој доаѓа со Maxwell m-a графички процесор.
Tango како конкурент го има Microsoft е Windows Holographic кој ги овозможува истите функционалности со проширената реалност, без притоа премногу да се фокусираат на мапирање на целиот простор, туку единствено околината во која е поставен.







