Отаде печатот: некои идеи за весниците (дури и во Македонија)

Пред (околу) две недели веста за дигиталните изданија на македонските весници одекна во јавноста (и на интернет, пример: За претплатата на Вест и дигиталните изданија на Дневник и Утрински). Се разбира, нема што многу да се каже на примерот на „Вест“. Тоа е технолошки ќор-сокак, комплетно несоодветен со интернетската инфраструктура и идеја воопшто.

Но, сѐ не е загубено.

Замислете весник што ќе продава пред сѐ електронска претплата. Да, како „Вест“, но со веб-страница што ќе изгледа современо (модерно), по сите најнови технолошки нишани (html5, permalinks, location aware, разни интеграции и сл.), апликација за мобилните уреди што ќе наликува на Google+ или Facebook, постојано освежувани содржини со дневник на промени, врски до подолгите извори во странство и многу, многу локална содржина. И замислете исто така многу локални реклами. На пример, кога ќе го отворите весникот од мобилниот уред, а сте на пат во Охрид, покрај текстот што ги читате да се појави дискретна реклама за локалниот ресторан (бидејќи мобилниот уред знае каде сте и знае колку е часот – дали е ручек време на пример). Замислете и дека дневно на sms добивате QR код (или слично) со кој во трафиката можете да земете печатено издание, бесплатно, ако баш сакате да го имате тој број засекогаш, на хартија.

Секако, ова не звучи како нешто што би можел да го направи некој печатен медиум. Попрво би рекол дека некој како Тime.mk ќе успее да ја склопи инфраструктурата на интернет и потоа ќе направи договор со некој весник за последниот чекор (локалната содржина) во имплементацијата.

Уште повеќе што идејава гледа со двете очи кон иднината (нови генерации – публика што не е носталгична кон хартија, нови технологии – мобилен интернет и уреди, постојана достапност и постојани вести), а би рекол дека денешниве наши весници повеќе мислат како да продадат копија повеќе на пензионерите (и сега како „Вест“ на дијаспората).

Да завршам со најчестата аналогија која се користи за судирот меѓу стариот бизнис и новите технологии (веројатно на Сет Годин), за тоа дека бројот на железнички компании во авионскиот превоз е нула, бидејќи железничките компании мислеле дека се во железничкиот бизнис, а не во транспортниот бизнис.

Па ако често не сме во бизнисот во кој што мислиме дека сме, тогаш треба почесто да се прашаме во кој точно бизнис сме. Ова не може да не важи и за медиумите.

5 коментари на “Отаде печатот: некои идеи за весниците (дури и во Македонија)

  1. Мислам дека ќе причакаме малце за тоа :)

    Еве како излгеда платено електронско издание на списание… http://www.youtube.com/watch?v=wwFbwHaP5tE

    BTW нека си платат и без проблем ќе го средиме со мерак да го купуваат читателите… ама тоа не е приоритет на издавачките куќи. Приоритет за жал е Рип Оф без претходна едукација.

  2. Мислам дека ќе причакаме малце за тоа :)

    Еве како излгеда платено електронско издание на списание… http://www.youtube.com/watch?v=wwFbwHaP5tE

    BTW нека си платат и без проблем ќе го средиме со мерак да го купуваат читателите… ама тоа не е приоритет на издавачките куќи. Приоритет за жал е Рип Оф без претходна едукација.

  3. Денеска за прв (и последен) пат го купив електронското издание на „Дневник“ и можам да кажам дека воопшто не сум задоволен. Едноставно не може нешто што е во облик прилагоден за печатење да се чита на компјутерски екран! Ова е многу пати објаснувано од голем број интернет експерти, меѓутоа очигледно некој во МПМ ја скокнал таа лекција. За мене не е никаков проблем да платам за некоја содржина што ја сметам за квалитетна и со години (децении) го купувам печатеното издание на „Дневник“. Моментално не сум во Македонија и затоа решив да го пробам електронското издание. Меѓутоа, ако и во иднина сакаат да добијат пари од мене, одговорните во „Дневник“ ќе мора да се потрудат да направат нешто што е во формат прилагоден за интернет.

    1. Зарем не примети дека "Дневник" од пред неколку месеци ги смени газдите и наеднаш, не менувајќи ја редакцијата и новинарите стана провладин од опозициски практично прекуноќ? Проблемот кај нашиот печат не е што е неподготвен за интернет, туку што е крајно исполитизиран и необјективен.

  4. Прво, нашите весници си ласкаат ако мислат дека се до таму дојдени за да можат да продавват изданија на интернет. Што мислат дека се – Њу Јорк Тајмс или….Не знам кој би платил за онлајн издание за Вест, на пример. Се полакомија по пари, а не гледаат дека весникот им е копи-пејст од странски изданија и онлајн портали.
    Поготово дијаспората нема да им плати…ако планот им беше претплатите да ги продаваат во странство. Ппосечниот нашинец во странство има можност да гледа онлјн наши телевизии бесплатно, и зошто би платил за подпросечен весник. Во најмала рака овој потег е навреда кон читателите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии