Играјте Doctor Who во VR

Во случај да сте ем гејмери ем фанови на Doctor Who серијалот за патувањето низ времето, тогаш следнава игра би можела да е баш за вас.

Пред три години, BBC издаде интересна игра за еден вид endless runner каде контролирате TARDIS во временски вортекс. Играта и понатаму е достапна, но овојпат студиото реши целосно да ја освежи, а и да понуди неколку интересни опции кои особено ќе ги израдуваа поклониците на виртуелната реалност.

Doctor Who Time Vortex VR, како што кажува и самото име, ви дозволува да ја играте целата игра во виртуелна реалност. За остварување на таквата цел, нуди неколку опции кои директно зависат од хардверот со кој располагате. Имено, во играта можете да бидете вовлечени преку Gear VR, HTC Vive, Google Daydream или преку најевтината, картонска солуција – Cardboard.

Во случај да не сте фанови на виртуелната реалност, целата игра можете да ја заиграте и директно од вашиот прелистувач. Откако ќе го посетите официјалниот сајт, изберете ја соодветната опција и кликнете погоре на I agree. Play.

Во Doctor Who Time Vortex VR избегнувате опасни објекти, собирате zeiton енергетски орби и други корисни објекти, и поминувате низ најразлични дупки во бариери. Забавно во кратки дози, а доколку достигнете импресивен резултат, лесно можете да го споделите на социјалните мрежи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии