Освен Pixel, Google претстави и друг хардвер

Без сомневање пензионирањето на Nexus и најавата на новите Pixel телефони од Google беа ѕвезда на вечерта, но новите телефони не беа единствениот хардвер кој го претстави Google на својата конференција.

Daydream

Најверојатно додатокот за Pixel телефоните Daydream е еден од најинтересните. Наследникот на Cardboard овојпат изработен од текстил треба да овозможи поинаква перспектива за технологијата која вообичаено ја држиме во рацете. Новиот уред е поудобен и полесен од сите конкуренти. Дополнителна предност е што очилата не претставуваат пречка.

google-daydream-view-with-controller_1278

Daydream доаѓа со контролер кој овозможува едноставна и прецизна навигација. Од Google велат дека контролерот е толку прецизен што со него може и да се црта. Дополнително уредот не е преголем товар за буџетот на најголем дел од корисниците, а чини 80 долари.

Најголемата предност секако ќе биде кај видеоигрите, но компанијата вели дека имаат куп партнери со кои работат на содржини.

Засега Daydream е компатибилен со Pixel, но Google соработува со куп партнериод HTC и Samsung, до Xiaomi.

Chromecast Ultra

Новата верзија на Chromecast поддржува HDR, Dolby Vision и 4К содржини. Надвор од ова речиси да нема разлика. Chromecast Ultra има и Ethernet порта и поскап. Излегува следниот месец и ќе чини 70 долари.

Google Wifi

Новиот рутер на компанијата доаѓа со интуитивно име. Google Wifi е симпатичен уред кој корисницте нема да мора да го кријат. Поради ова уредите во домот ќе имаат подобар прием. Мрежата на рутерите на Google овозможува креирање на меш мрежа. Корисникот може да додава нови модули. Цената на еден рутер е 130 долари, три рутери ќе чинат 300 долари.

Google Home

Паметниот дом е следниот простор кој технолошките гиганти ќе се обидат да го освојат. Google Home е одговорот на Amazon Echo, станува збор за централен елемент кој повторно е „погонуват“ од Google Assistant. Станува збор за паметен уред кој ги учи навиките на сопственикот и станува подобар колку повеќе се користи.

Идејата е да се користи со гласовни компании, но може и да се управува со паметен телефон. Уредот е достапен во претподажба за 130 долари, а испораката започнува на 4. ноември.

 

3 коментари на “Освен Pixel, Google претстави и друг хардвер

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии