8 книги кои се клучни за успехот на Илон Маск

Еден од најпознатите претприемачи на денешницата, основачот на Tesla, Илон Маск, вели дека својот успех им го должи на осум книги. Г. Маск чита многу, па на девет години ја има прочитано целата енциклопедија Бритaника, вели CNBC.

Еве го изборот на книги за кој г.Маск вели дека му го промениле животот:

  • „Структури: Или зошто работите нe паѓаат“, од Џ.Е. Гордон (Structures: Or Why Things Don’t Fall Down од J.E. Gordon ). Ова е книгата кога г.Маск одлучил дека сака да оди во вселената. Станува збор за книга за физика, која на г.Маск му помогнала да ги открие и надмине предизвиците за основање на Space X. Секако ова не е книга за секого, но покажува дека секогаш има книга со податоци кои ќе помогнат; дури и кога целта е пат на Марс.
  • „Бенџамин Френклин: Американски живот“ од Волтер Исаксон (Benjamin Franklin: An American Life од Walter Isaacson). Се чини дека Бенџамин Френклин е историскиот лик со кој г. Маск се поистоветува. Иноватор, политичар, научник и дипломат, не е чудно што е избор за историски херој на г. Маск.
  • „Ајнштајн: Неговиот живот и универзумот“ од Волтер Исаксон (Einstein: His Life and Universe од Walter Isaacson). Втората книга од Исаксон на листата е за уште еден херој на г.Маск. „Најважно е никогаш да не престанете да преиспитувате“ или „Тој што не погрешил никогаш не пробал ништо ново“, се цитати од Ајнштајн во кои се пронаоѓа и г. Маск.
  • „Суперинтелигенција: Патеки, опасности, стратегија“ од Ник Бостром (Superintelligence: Paths, Dangers, Strategies од Nick Bostrom). Футуристичка книга која зборува за опасностите и предизвиците од роботите и вештачката интелигенција.
  • „Трговци на сомнеж“ од Ерик М. Конвеј и Наоми Орескес (Merchants of Doubt од Erik M. Conway и Naomi Oreskes). Книгата е за влијанието на тутунската индустрија на резултатите од истражувањата за опасноста на цигарите.
  • „Господар на мувите“ од Вилијам Голдинг (Lord of the Flies од William Golding).
  • „Нула до еден: Белешки за стартапи или како да ја изградите идината“ од Питер Тиел, (Zero to One: Notes on Startups, or How to Build the Future од Peter Thiel). Питер Тиел, ко-основачот кој заедно со г. Маск го основа Paypal, оваа книга ја темели на курс кој го предава на Стенфорд.
  • „Трилогијата Фондација“ од Исак Асимов (Foundation од Isaac Asimov). Да бидам искрен од оваа листа имам прочитано само две книги. Оваа е една од тие книги, и е најверојатно научна фантастика која најчесто ја препорачувам.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии