Осуден на 9 години затвор поради измама

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Жител од Колумбија е осуден на 9 години затвор поради комплексна компјутерска измама на која потклекнале повеќе од 600 луѓе. Одговорен за измамата, Марио Симбакуеба Бонила (40), исто така бил осуден на 3 години надзор по неговото отпуштање како и забрана за пристап до компјутер и уреди кои овозможуваат пристап до интернет.

Осудениот Бонила во Јануари 2008 година, се изјаснил како виновен на пријавите за заговор, пристап до измамнички уреди и крадење на идентитет. Според кривичните пријави, се шпекулира дека Бонила имал соучесник со чија помош успеале да направат комплексни компјутерски наметнувања или неовластени пристапи, крадење на идентитет и измама со кредитни картички за да украдат пари од платен список на луѓе, банки и други сметки до кои имале пристап.

Судската проценка за оштетените жртви изнесувала 1.4 милиони американски долари. Бонила парите ги искористувал за лични погодности како што е купување на скапи електронски уреди, луксузни патувања и сместувања во разни држави како Хонг-Конг, Турција, Франција, Јамајка, Италија, Чиле и САД.

Техничката страна на нападите, односно измамата која се одвивала во рок од 2004 до 2007, претставувала нелегално инсталирање на софтвер кој ги снимил сите внесувања преку тастатурата (keylogger) во компјутери лоцирани во хотели и интернет кафеа низ целиот свет.

Потоа, инсталираниот софтвер исто така ги собирал личните податоци на тие што ги користиле овие компјутери, вклучувајќи ги нивните лозинки и други идентификациски информации кои служеле за пристап до банки, платени списоци, берзата и други он-лајн сметки.

Од собраните информации, Бонила, со помош на неговите техники на криење на трансакции, си ги праќал украдените пари на кредит или на дебитни картички и тие картички по пошта биле праќани кај него дома.

Тој бил уапсен кога пристигнал во Соединетите Американски Држави, во август 2007, од страна на федерални агенти. Авионската карта со која летал и новиот лап-топ, кој го носел со него за време на апсењето, биле купени од украдените пари, додека во лап-топот биле складирани имињата, лозинките и други лични како и финансиски податоци на повеќе од 600 луѓе.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии