Остани дома и биди дел од првото online издание на Startup Weekend Skopje Covid -19!

За прв пат глобалната платформа за иновации и инвестиции Techstars го организира Global Online Startup Weekend series, на тема „Заедно да креираме решенија за да го победиме COVID-19“ Солвео е организатор на ова специјално издание во нашата земја, и ги повикува сите кои сакаат да бидат дел од овој 54-часовен викенд од 24-ти до 26-ти април.

Учесниците можат да се пријават со или без идеја, сè што треба да направат е да ја пополнат оваа форма. Тие ќе работат во тимови преку онлајн платформа од своите домови и ќе креираат решенија за предизвиците кои се предизвикани од пандемијата.

Солвео во партнерство со Techstars, го организира овој настан волонтерски, каде што фокусот ќе биде креирање решенија кои ќе помогнат полесно да се надминат предизвиците од COVID-19 со кои се соочува нашата земја. На овој онлајн настан можат да се пријават сите иноватори, девелопери, маркетери, дизајнери, доктори, економисти и секој кој има желба да го даде својот несебичен придонес да помогне. Од учесниците се очекува да направат прототип на решението кое може да помогне при решавање на одреден проблем.

„Причината зошто решивме да се вклучиме во оваа глобална иницијатива е едноставна – мора нешто да преземеме и да го победиме Ковид-19 заедно. Искрено сите стартап ентузијасти се спреми за онлајн натпревар, особено веќе кога сите мора да седиме дома и очекуваме да има многу голем интерес за учество. Ако сега не ги споиме силите, кога?“ – велат организаторите Солвео.

Северна Македонија е една од повеќе од 60 земји од светот кои се дел од овој голем настан. Најдобрите 20 тимови од цел свет ќе имаат шанса да учествуваат во Techstars Innovation Bootcamp.

Учесниците кои сакаат да бидат дел од настанот треба да ја пополнат оваа форма. За повеќе информации за настанот можете да дознаете тука.


Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии