Останете фит со овие сајтови кои нудат одлични вежби

Неодамна Владата на Македонија ја објави својата апликација Супер Фит која треба да ги мотивра граѓаните и да им помогне да водат поздрав живот. Со слична мотивација е и овој текст, да ви помогне на Интернет да пронајдете услуги и сервиси кои навистина ќе ви помогнат да бидете поздрави.

За почеток треба да го посетите македонскиот сајт Karas4Training за да најдете локализирана содржина, од светски блогови и фитнес сајтови, до видеа и вежби од македонски фитнес тренери.

[youtube]zsBd4bdFLp4[/youtube]

SparkPeople е бесплатен сервис кој нуди најразлични планови за исхрана, рецепти, видеа. Сервисот овозможува креирање на профил и дефинирање на цели кои сакате да ги остварите од слабеење, па до откажување од цигари. Овозможен е внес на храната која ја јадете и вежби кои ги правите во текот на денот и следење на вашата состојба.

Што се однесува до вежбите има речиси безброј на сервиси кои ќе ве советуваат и ќе креираат планови за неделен тренинг. Fitnessblender, Daily Hiit, BodyRock, DailyBurn нудат купишта кардио, фитнес или вежби за зголемување на силата. Дел од нив и од останатите сервиси нудат бесплатна програма, додека за дел ќе ви биде потребна претплата по завршувањето на пробниот период.

[youtube]0PXRL5RhNok[/youtube]

Доколку не сте подготвени за плаќање за вежбите, тогаш YouTube може биде вистинска инспирација. Јога, фитнес вежби, совети од професионалци, сево ова може да го пронајдете на Youtube. BeFit YouTube каналот нуди фитнес вежби и може да се спореди со дел од услугите за кои е потребна претплата. Видеата со претставување на вежбите се куси, а вежбите навистина ќе ве испотат. eFit30 е канал со фокус на пилатес и вежби со висок интензитет, со совети за фокус и вежбање на сите мускулни групи.

[youtube]qvvK6DXw6e0[/youtube]

Доколку ниедна од претходните активности не е за вас, можеби треба да се обидете со јога. Yogasync ќе ви претстави најразлични вежби, чекор по чекор промена од една во друга положба и најважно совет за правилна позиција на телото. DoYogaWithMe е наменет за почетници, а мал проблем е што бројот на видеа може да направи почетниците без трпение брзо да се загинат на каналот.

[youtube]GWQi2GlH0cM[/youtube]

Покрај овие сервиси можете да најдете куп Android, iOS или Windows Phone апликации кои ќе би помогнат да бидете поздрави, за кои ќе пишуваме во некоја следна прилика.

Доколку вашиот омилен фитнес сервис не е помеѓу споменатите, кажете ни го во коментарите.

1 коментар на “Останете фит со овие сајтови кои нудат одлични вежби

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии