Основното јавно обвинителство ќе го провери доделувањето пари од Фондот за иновации и технолошки развој

Надополнување

Претстставници на Министерството за внатрешни работи по налог на Обвинителството за организиран криминал одзема документација за доделените грантови. Ова не е изненадување и е дел од истражните мерки. Веста за порталот СДК ја потврди и директорот на фондот г. Јован Деспотовски.

„По налог на Обвинителство дојде МВР, ја зеде целата документација од доделените грантови. Сега постапката е во Обвинителството и ќе се тера до крај. Ние во понеделникот јавно го повикавме да постапи, по што Обвинителството постапи”.

Владата додели грантови на 79 микро, мали и средни комании. Како што наското по ова се покажа дел од компаниите имаа проблематична сопственичка структура. Дел од добитниците како основачи или ко-основачи имаат прибадници во законодавната и извршната власт. Можеби учеството на овие компании и не било незконско, но секако е неетичко.

Директорот на фондот г. Деспотовски, побара од сите компании да поднесат изјави дали некој член во сопственичката структура, или член на поблиското семејство, е на јавна функција. Рокот за поднесување на изјавите е 15 дена.


Компании на министри и пратеници кои учествуваа во повикот на Фондот за иновации и технолошки развој ќе бидат „под лупа“ на Основното јавно обвинителство.

Обвинителството реагираше откако друштвените мрежи и новинарите ги отворија овие прашања. Фондот по објавувањето го обвинуваат за финансирање на проекти на луѓе блиски до власта. Една од компаниите која е посочена е ко-основана од сегашен министер, а друга компанија е во сопственост на пратеник.

„По објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по Јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас.

Обвинителството презема дејствија за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран“, објави Јавното обвинителство, на својата веб-страница.

Дел од обвинувањата се насочени и кон решенијата кои на изглед не се иновативни. Дополнително, дел од обвинувањата се за нетранспарентност при изборот. Што точно се случува со фондот и со средствата ќе дознаеме наскоро.


Испративме прашања до Фондот за иновации и технолошки развој и ќе ги додадеме одговорите во текстот кога ќе ги добиеме.