Основи на безбедно фејсбукирање

Одговорот зависи од нас бидејќи друштвените мрежи ни дозволуваат сами да си ја одредиме приватноста, што е спротивно на популарната критика.

Како да креирате листи на пријатели?

Со зголемувањето на бројот на вашите Facebook пријатели, како од приватниот, така и од професионалниот живот, одлична идеја е да ги групирате истите во различни категории. Google+ го претстави концептот на Circles, кругови со кои може да ги „организираме“ пријателите, но, тоа и не е новина бидејќи веќе постоеше на Facebook во форма на групи.

Креирањето групи на пријатели ви овозможува наеднаш да го одредите степенот на приватност за група пријатели, наместо тоа да го правите за секој посебно.

За да креирате група отидете во Account менито кое се наоѓа во горниот десен ќош на вашиот Facebook и изберете Edit Friends. На страната која ќе ви се прикаже, во горниот десен ќош се наоѓа копчето + Create a List. Кликнете, дадете и наслов на вашата листа и изберете кои пријатели ќе ги oставите во неа.

Како да ги одредите вашите подесувања на приватност на Facebook?

За да одредите кои информации, албуми, постови и сл. ги споделувате со одредени луѓе на Facebook, отидете во Account менито кое се наоѓа во горниот десен ќош на вашиот Facebook и изберете Privacy Settings. Ќе ви се прикаже нова страна поделена на пет делови:

  • Connecting on Facebook – Дел во кој можете да ги одредите основните информации за вас кои се прикажуваат кога луѓе кои не се ваши пријатели ве наоѓаат на Facebook. Со кликнување на View Settings, ќе пристапите во дел во кој можете да одредите кој може да ве пронајде на Facebook, да ви праќа покани за пријателство, да ви праќа приватни пораки, кој може да ја види вашата листа на пријатели, информации за вашето образование и работно место, родниот град и градот во кој живеете моментално, како и вашите Likes и Activities.
  • Sharing on Facebook – Дел во кој можете да одредите кои информации на вашиот профил ги споделувате со вашите пријатели. Во овој дел од Facebook Privacy Settings можете да изберете еден од основните типови на подесувања на приватност предодредени од самиот Facebook – Everyone, Friends of Friends, Friends Only или Recommended. Ако не ви одговараат овие подесувања, одберете ја опцијата Customize settings(обележена со сини букви) која се наоѓа најдолу во овој дел. Со одбирање на Customize settings, отварате нова страна на која можете детално да одредите на кого ќе му бидат видливи работите кои вие ги споделувате, работите на вашиот Wall, работите во кои сте тагирани и вашите контакт информации.


На пример, ако сакате да одредите кој може да ги види вашите постови, вклучувајќи ги вашите статуси и слики постирани на Wall, кликнете на менито кое се наоѓа најдесно во ред со Things I share и Posts by me и одберете помеѓу Everyone, Friends of Friends and Networks, Friends and Networks, Friends of Friends и Friends Only. Во случај да не ви одговараат понудените опции, можете и да направите индивидуално подесување со избирање на опцијата Custom edit. Притоа, можете да изберете одредени пријатели или пак цела листа.

Ако пак сакате да ги сокриете вашите тагирани слики и видеа, подолу на истата страна ќе најдете дел Things others share – Photos and videos you’re tagged in и подесете најдесно во Edit Settings. На истава страна, имате и опција да прегледате како вашиот Facebook профил му изгледа на одреден пријател. За да го направите ова, изберете Preview My Profile во горниот десен ќош. Со тоа, ќе ви се покаже како вашиот профил им изгледа на луѓето кои не се ваши пријатели. За да ги видите подесувањата за одредена личност, внесете го неговото/нејзиното име во малата кутија на средина на страната.

  • Apps and Websites – Дел во кој можете да одредите што споделувате надвор од Facebook преку апликациите кои ги користите и страните кои ги посетувате. Исто дел каде што може да оневозможите некоја апликација да собира ваши лични податоци.
  • Block Lists – Дел во кој можете да блокирате специфични луѓе и апликации и да ги спречитe да комуницираат со вас на Facebook. Ова важи за луѓе кои се досадни и ве малтретираат постирајќи ви спам пораки.
  • Controlling How You Share – Дел во кој можете да научите повеќе за вашата приватност на Facebook. Штета што помошта околу приватноста е само на англиски.

Тоа е тоа, уживајте во вашата приватна друштвена мрежа!

1 коментар на “Основи на безбедно фејсбукирање

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии