Основачот на Wikipedia бара да се стопира екстрадицијата на Ричард O'Дваер во САД

Интернетот не смее да толерира цензура како одговор на наводни прекршоци на авторските права, вели Џими Велс, основачот нa Wikipedia, кој започна петиција за да ја запре екстрадицијата на Ричард О’Дваер во САД.

„Како граѓани мора да се избориме за нашите онлајн права.“, вели г. Велс.

Ричард О’Дваер, 24-годишен студент од Шефилд, Британија е сопственик на TV Shack.net и е тужен  од американското Министерство за правда за нарушување на интелектуална сопственост. Доколку го екстрадираат во Америка г. Одваер би се соочил со две тужби:  заговор за нарушување на авторски права и криминално нарушување на авторски права. Тужбите против г. О’Дваер се однесуваат на содржините кои се објавени на TVShack.net. Споделувајќи линкови до пиратирани филмови и ТВ серии мвеб страната собрала 230 илјади долари од реклами. Двете тужби имаат максимална пет годишна затворска казна. Британското министерство веќе го прифати барањето за екстрадиција, но сега се одлучува по жалбата на г. О’Дваер.

Но, според г. Велс, екстрадицијата не смее да се случи бидејќи О’Дваер не е граѓанин на САД, целиот свој живот е во Британија, неговиот сајт не е хостиран таму, и повеќето од неговите корисници не се од САД.

„Америка се обидува да гони британски граѓанин за наводен криминал кој се случил во Британија.“, вели тој во својот пост. „Авторските права се важна институција, но тие не смеат да бидат третирани без границите, ниту дека треба да се заборават моралните и легалните принципи за да се прегазуваат граѓанските слободи заради интереси на могули од Холивуд.“

Петицијата за запирање на екстрадицијата досега има 23.000 на GoPetition, но и речиси 20.000 поддржувачи на Change.

13 коментари на “Основачот на Wikipedia бара да се стопира екстрадицијата на Ричард O'Дваер во САД

  1. Незнам како е во случајов, претпоставувам дека е "екстрадиција", штом се преведува од "extradition". Но приметувам дека многу автори слепо им веруваат на интернет лексиконите. Пред некој ден сретнав придавка "библиотечен" во еден текст, авторот ми посочи дека е така на онлајн лексикон и дека според тоа би морало да е правилно. Иако библиотечен не постои ни во српскиот ни во бугарскиот, туку и во двата јазика е "библиотекарски", a како што знаеме и двата јазика се доста блиски на нашиот, со истата именка во основа "библиотека". Ми се чини дека самите автори на лексикони често си праваат поетски кованици кои пркосат на лингвистичката логика, и ако ги земаме здраво за готово, не би било чудно да завршиме како Хрватска.

    1. приметувам = забележувам*

      ј/к, јазикот е жива материја, а лингвистиката треба да се прилагоди според тоа како комуницираме, не обратно.

      1. Па не баш. Екстрадиција е странски збор, доаѓа од екс и традиција и според тоа
        означува дека нешто предаваш надвор. Ако кажеш екстрадиКција, освен што звучи полуписмено,
        како да кажува и дека некој да има екстра дикција :-)

        Читајте книги, нема друго чаре.

      1. мвеб страната

        Иако често го има зборот и без М

        Момак, од инат не читаш два пати, или те мрзи? Или си неписмен? Нема друго, значи нема крај на ваквите печатни грешки што ги правите сите во секоја “новост“ што ја објавувате. Мислам, јеботе, еј, стварно дебилно изгледа, само плукни-залепи правите и ништо повеќе.

      2. Виктор, во линкот што го праќаш убаво си стои: extradition, не пишува
        extradiction. Може се употребува и со К, ама звучи како еКспресо.

      3. Знам, но еве види го речникот на On.net.mk, 365.com.mk … extradition = екстрадикција. Видов и по весниците се употребуваат и двете. :S

      4. Не постои „екстрадиКција“ и нема што да се прави муабет повеќе

      5. Добар аргумент. Двата речници не се важни, туку е важно кој прв ќе пресече. Решен е проблемот, готово! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии