Oсновачот на SpaceX и Tesla, Илон Маск, зборува за влијанието на видеоигрите врз неговиот успех

Илон Маск вели дека видеоигрите му помогнале да се заинтересира во технологијата. Основачот на иновативните PayPal, SpaceX и Tesla Motors, во интервју дадено на радио-шоуто на физичарот Нил Дегрис-Тајсон, Startalk, за првпат дел од заслугата за својот успех им ја припиша на видеоигрите. Сега, иако е зафатен со идеи за одење на Марс, креирање ракети за NASA, и пореметување на автомобилската индустрија со електричните Tesla, г. Маск сепак наоѓа време да изигра некоја игра. Вели дека омилени му се шутери со приказна, како Bioshock, Fallout или Mass Effect, но ги сака и стратегиите како Civilization и Warcraft.

„Татко ми ме однесе на пат во САД кога имав 10 години. Се сеќавам дека беше супер, одевме во хотели, а сите имаа флипери. Првата работа која ја правев кога одевме во нов хотел, е да отидам и да ги флиперите…“, вели Илон Маск.

Видеоигрите го натераа Илон Маск да научи да програмира, иако желбата да креира сопствени видеоигри за сега не ја реализирал, програмирањето кое го научи поради ова го зацрта неговиот пат. Почетокот започнал со Commоdore VIC-20 кое „дојде со упатство за програмирање во BASIC. Поминав неколу денови и ноќи по ред апсорбирајќи го ова. Мислам дека развив опсесивно-компулсивно нарушување, можеби не баш но сепак бев опсесивен. Кога првпат ќе го направите ова сфаќате колку е неверојатни. Пишувате неколку команди, а потоа нешто се случува на екранот. Навистина неверојатно“, вели г. Маск.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии