Основачот на PayPal, Питер Тиел, смета дека bitcoin е она што PayPal требаше да биде

Дејан Соколоски

во feature, Свет

Питер Тиел има стотици милиони долари во bitcoin. Инвестицискиот фонд Founders Fund, купил биткоини во вредност помеѓу 15 и 20 милиони долари. Сега цената на овие крипто-валути се проценува на стотици милиони долари, пренесе Wall Street Journal (потребна е претплата).

Проценката е дека биткоин делот за инвестиции на фондот е најголем од 1.3 милијарди „тешкиот“ фонд.

Сепак, иако ова е одлична инвестиција, г. Тиел има и поголема мотивација за собирањето на биткоини. Тој на крипто-валутата гледа како на остварување на сонот на PayPal. Амбицијата на сервисот беше да стане нова светска валута. PayPal оригинално имал слични желби и замисли како и децентрализираните валути.

„PayPal им овозможува на жителите од целиот свет подиректна контрола отколку што имале претходно. Речиси е невозможно корумпирани влади да ги украдат парите на луѓето, бидејќи можат да ги заменат во долари, фунти или јени, истовремено менувајќи ја локалната безвредна валута за нешто повредно“, потсетува Quartz.

Токму ветувањето дека биткоин ќе успее во она што не успеа да го направи PayPal, е едно од најголемите предности. Иако се чини дека и самиот г. Тиел не смета дека биткоин може да стане платежно средство, но би можел да стане дигитална форма на злато.

Интересно е што самата објава за инвестирањето на г. Тиел во биткоин придонесе за раст на криптовалутата од над 13%.

1 коментар на “Основачот на PayPal, Питер Тиел, смета дека bitcoin е она што PayPal требаше да биде

  1. Не бе драг Тиел, ти си еден обичен лажов, ништо повеќе од тоа. Пејпел е сервис за богатите, инкорпорирани држави. Сиромашните, како Македонија, и денес немаат пристап до сервисот. Криптовалутите се насочени токму онаму каде што Пејпел никогаш не сакаше да ризикува да влезе, лажову. Сакаш доказ? Па Македонец може во моментов да тргува со која било криптовалута, може дури и дома му да си направи компјутер како нод на мрежата. Со пејпел истиот тој Македонец може само да се слика, лажову.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии