Основачот на хрватската компанија Rimac Motors, Мате Римац во конкуренција за светски претприемач на годината

Основачот на Rimac Motors, Мате Римац, ја освои наградата во Хрватска за претприемач на годината. Г. Римац e и во конкуренција за престижната надграда Светски претприемач на годината. За жал овие награди полесно ги добиваат компании со поголема традиција, па шансите на помалите стартап комшании не се изгледни. Секако подвигот на г. Римак воопшто не е за потценување.

Изборот го организира британската ревизорско-консултантска компанија – Ernst & Young, објаснува HRT.

Новиот автомобил Rimac Concept Two, кој компанијата го претстави пред 2 месеци е најбрз електричен автомобил светот. Поради тоа што погоните на овој производител се помали, компанијата не ја сметаат за конкуренција на Tesla Motor. Но, кога квалитетот на возилото е во прашање Rimac е навистина одлично возило. Сепак г. Римац е одличен пример и доказ дека со напорна работата и во овој дел од светот може да се успее со високо технолошки компании.

„Од 10 000 претприемачи од сите земји на крај само 56 дојдоа во Монако, тие претставуваат 26 милијарди долари приход. Дупло повеќе од Хрватскиот извос. Шансите за победа ни се мали, но да бидеме тука е голема работа. Наградите се убаво признание, но многу поважно е да ги исполниме нашите цели и да изграиме силна компанија“, вели г. Римац.