Основачот на Аmazon, Џеф Безос, потроши 250 милиони долари на Washington Post

Џеф Безос е нов газда на Washington Post. Аквизацијата на еден од најреномираните весници во САД го чинеше основачот на Amazon околу 250 милиони долари. Но, со оглед на тоа дека г. Безос лично е сопственик на весникот, засега е најасно како и дали воопшто Washington Post ќе се интегрира со Amazon. Изгледа извесно е дека во следните 60 дена весникот ќе се ребрендира и издавачот The Post Co. ќе го промени своето име. Покрај Washington Post, г. Безос ќе стане сопственик и на веб страната на весникот и весниците Express, The Gazette Newspaper и Southern Maryland Newspaper. Slate, TheRoot.com и Foreign Policy ќе останат под сегашните сопственици.

„Вредностите на Washington Post не треба да се менуваат. Должностите на The Post остануваат пред читателите, а не пред приватните интереси на сопствениците. Ќе продолжиме да ја следиме вистината без разлика каде ќе не водат сториите и ќе работиме напорно за да не правиме грешки.“, стои во меморандумот кој г. Безос го испрати до вработените.

Сопственикот на Amazon е брилијантен претприемач и се чини дека сака да го иновира начинот на кој дури и најквалитетните дневни весници пристигнуваат до читателите. Со работата на Amazon, очигледно е дека тој разбира како Интернет ги менува традиционалните медиуми.

„Не постои мапа. Следење на патот кој претстои нема да биде лесно. Ние ќе треба да го откриеме, што значи дека ќе треба да експериментираме… Јас сум возбуден и оптимист за можноста за иновација.“

Сепак г. Безос нема да се меша во уредувачката политка на весникот кој е секако е еден од највлијателните весници во светот. Со 47 Пулицерови награди весникот е најпознат по истражувачкото новинарство. Можеби најпозната е приказната за разоткривањето на аферата Вотергејт која кулминира со оставка на тогашниот претседател на САД, Ричард Никсон. Вотергејт е приказна која сè уште мотивира огромен број на новинари во светот. Определбата за самостојност на весникот е потврдена и со останувањето на Кетрин Вејмот која останува издавач и извршен директор на The Post.

„Победници во светот на новата медиумска економија, ако воопшто има такви ќе бидат иние кои се подготвени да преземат големи финансиски ризици и да ја издржат можноста дека оваа инвестиција нема да се исплати со години. Ова е луксуз кој јавните комании кои пријавуваат приходи на секои три месеци го немаат“, пишува Washington Post.

Џеф Безос и трпението кое го покажа на почетокот со Amazon е токму тоа што му е потребно на современен медиум. За разлика од почетоците на Amazon кога компанијата беше на самиот почеток, г.Безос сега зад себе има 25 милијарди долари. Изгледа дека на Washington Post му предстои период на иновација, експериментирање, но без сомневање е весникот никогаш не бил во подобри раце за да ја започне својата трансформацијата во онлајн медиум.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии