Основачите на YouTube сакаат Delicious да стане конкурентен друштвен сервис

Основачите на YouTube, Чед Хурли и Стив Чен, кои ја имаат основано компанијата Avos, најавија дека го освежуваат веб сајтот за обележување Delicious, претходно познат како del.icio.us. Delicious е еден од првите веб сајтови кои го популаризираа означувањето како начин за организирање на содржина и споделување на истата. Во 2005 година овој веб сајт беше купен од Yahoo, за во април оваа година да биде продаден на основачите на YouTube.

Во интервју за New York Times, Чед Харли и Стив Чен изјавија дека иако Delicious не е популарен како порани, сè уште има голем број на верни корисници и планираат таа бројка драстично да ја зголемат.

Според нив, Delicious ќе биде редизајниран со цел да го олесни пристапот до соджрина која моментално се споделува во огромен број благодарение на друштвени мрежи како што се Facebook, Twitter, Google+. Новиот  Delicious ќе овозможува пристап до содржини кој ќе биде базиран на интерес, претходни означувања и друштвени интеракции. Во интервјуто стои дека Delicious ќе биде визуелно едноставен веб сајт кој ќе им  овозможи на корисниците полесно да се снаоѓаат.

„Тwitter има околу 200 милиони твитови дневно, но можам да се обложам дека не можам да прочитам ни 1.000 на ден. Тоа е огромна содржина која се испушта.“, вели г. Чен. „Има многу сервиси кои се обидуваат да го решат проблемот со откривање на содржина, и никој го нема решено до сега.“

Според некои аналитичари ова би можело да претставува зачеток за друштвено пребарување, нешто што Google се обидува да направи веќе некое време, особено со Google+. Новиот Delicious треба да биде лансиран на крајот од оваа година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии