Основачите на YouTube го стартуваа новиот редизајниран Delicious

Основачите на YouTube, Чед Харли и Стив Чен, кои ја имаат основано компанијата Avos, го стартуваа новиот освежен Delicious, веб сајтот за обележување и споделување кој неодамна го купија од Yahoo. Освежениот веб сајт задржува голем дел од карактеристиките кои ги имаат привлечено првичните корисници, но сега се додадени дополнителни опции кои ќе им помогнат на корисниците да организираат веб сајтови според теми кои најдобро ги знаат.

Според Чед Харли и Стив Чен, Delicious е комплетно нов веб сајт, редизајниран од почеток. Резултатот е нова почетна страница и нов кориснички интерфејс кој ќе го олесни користењето на Delicious. Идејата зад новиот Delicious е да ја задржи првичната функционалност, но да се поправи начинот на кој корисниците откриваат нови линкови и веб сајтови.

Главната карактеристика на новиот веб сајт е опцијата Stack, која им овозможува на корисниците да направат колаж од своите најомилени линкови, кој потоа лесно можат да го споделуваат со останати корисници. Колекцијата може да биде објавена, овозможувајќи им на другите корисници да ја следат, и да пратат кога ќе се додаваат нови линкови. Секоја колекција може да се прилагоди со профил слика, наслов и опис, како и опис под секој линк во колекцијата.

Новиот Delicious овозможува подобрени тагови, и ги задржува секое претходно API. Според основачите, сајтот сè уште е во бета и се работи на негово подобрување, барајќи од корисниците да пријавуваат било какви проблеми, или пак да даваат предлози за нови опции.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии