Основач на контроверзниот Silk Road за прв пат прозбори jавно во интервју за Forbes

Не зборува на телефон, ниту на Skype; не им верува на апликациите за инстант пораки; не се среќава во живо ниту со најблиските соработници; не одговара на лични прашања и му беа потребни осум месеци за интервју за Forbes. Иако според описот наликува на параноја всушност станува збор за еден од најбараните и најконтрoверзните луѓе на Интернет. Станува збор за човекот кој ја злоупотребува потребата за приватност – Dread Pirate Roberts.

Зад псевдонимот Dread Pirate Roberts се крие сопственикот на една од најпознатите страни на скриениот интернет – Silk Road, веб страна која во одреден период организираше продажба на дрога, оружје, порнографија и останата забранета стока. Од основањето на страната до сега се поминати 2,5 години, период во кој Silk Road заработи помеѓу 30 и 45 милиони долари, проценува Forbes. Веб страната има над 60.000 посетители дневно од кој најголем дел се купувачи на наркотици.

„Средствата кои ги поседувам и со кои располага страната се ништо во споредба на вредноста на страната во иднината, не би ја продал страната за помалку од 10, можеби 11 цифри. Во иднина можеби ќе се појавам на вашата листа (Листа на најбогати според Forbes)“, вели во шега сопственикот на Silk Road.

Покрај злоупотребата на потребата од интернет приватност, Roberts и сличните веб страни, злоупотребуваат уште една идеја. Без децентрализираната дигитална валута bitcoin ниедна од овие трансакции не би билa можнa, поточно би биле можни, но со значително потешко криење на парите. Ова овозможува ваквите продавници да им понудат уште една услуга на дилерите, гарантирање на заработката во реални пари, иако курсот на bitcoin често е нестабилен па заработката може да варира. Но, истовремено предизвикува озогласеност на bitcoin, што допринесува до забрана на валутата во одредени држави, иако засега поголем проблем за валутата е немањето регулативи и закони.

Сепак D.P. Roberts тврди дека тој не е основач на страната, основачот е уште потаинствен, а до нивната „средба“ дошло откако Roberts открил безбедносен пропуст на страната кој му дозволил да ја испразни bitcoin сметката на Silk Road. Наместо ова тој му помогнал на основачот да го „закрпи“ пропустот и оттогаш е активен партнер. Во периодот потоа, тој ја откупил страната од основачот и сега е сопственик на една од најпопуларните и најконтрoверзни страни на црниот пазар.

„SilkRoad не продава дрога. Продава осигурување и финансиски продукти. Не е важно дали продавате маици или кокаин. Овој бизнис модел ја прави безбедноста и осигурувањето – стока за продажба.“, вели професорот Николас Кристин.

Вообичаено во бизнис со потенцијал и голем профит е што брзо се појавува конкуренција. Black Market Reloaded е идентична страна која во своите артикли додава и нелегално оружје. Сепак најголем конкурент на Silk Road се Atlantis, страна со подеднакво таинствен сопственик, но сепак не доволно загрижени за приватноста. Сопственикот на Silk Road се сомнева дека токму тие се зад нападот од пред неколку месеци кој ја онеспособи страната речиси цела недела, а се случи речиси истовремено со „отворањето“ на Atлantis.

Најверојатно токму отворањето на конкурентскиот црн пазар е причина за неговото прво појавување во јавност, иако не е за исклучување дека причината е обид за зголемување на неговото дигитално реноме. Во секој случај, појавувањето во јавност и рекламирањето на страната доаѓа во време кога полицијата му е зад петици. Неодамна се уапсени дилери во Австралија и Јужна Каролина кои ја користеле веб страната за продажба на наркотици, а најголемата bitcoin берза во светот, берзата во Токио, отсега ќе бара лични податоци за купувачите и продавачите на дигиталната валута. Најголемата опасност сепак доаѓа од американската DEA којa, според извори на Forbes, ги добиле податоците од NSA од неодамнешниот безбедносен пропуст на Firefox кој ја наруши анонимноста на Tor и доведе до апсење на најголемиот „трговец“ со детска порнографија во Ирска. Drake Pirate Roberts тврди дека Silk Road не дозволува продажба на детска порнографија и оружје, но ова не ги спречува властите да го стават високо на листата на најпосакувани дигитални криминалци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии