Оскарот за најдобри ефекти кај Blade Runner 2049, Icarus на Netflix со Оскар за документарен филм

Blade Runner 2049 е добитник на Оскарот за најдобри ефекти. Сепак се чини дека кога во прашање е македонскиот дел на оскарите, добитник е студиото за специјални ефекти FX3X. Компанијата е номинирана за 3 од 5 „финалисти“. FX3X работеа на: Guardians of the Galaxy Vol. 2, Kong: Skull Island и Star Wars: The Last Jedi.

Она по што може да биде запаметена оваа година е првиот Оскар кој го добива филм на Netflix. Icarus во режија на Брајан Фогел е добитник на статуетката за најдобар документарен филм. Покрај ова, номинации имаа и Mudbound (оригинално сценарио) од Netflix и The Big Sick (најдобро адаптирано сценарио, кинематографија, оригинална песна и актерка во споредна улога) на Amazon Studios. Овие два филма останаа без награда.

Двете студија постојат едвај неколку години. Amazon Studios минатите оскари имаа одлична вечер кога Manchester by the Sea ја доби наградата за најдобар актер и оригинално сценарио. The Salesman тогаш го освои оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Најдобар филм оваа година е The Shape of the Water, а Оскар за режија доби и Гилермо Дел Торо за истиот филм. Френцис Мекдорманд е добитник на наградата за најдобра актерка, а Гери Олдман освои Оскар за улогата во Darkest Hour.

Целата листа на добитници погледнете ја тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии