OS 5 во рок од пет дена е достапен на една третина од сите мобилни Apple уреди

Компанијата за мобилна аналитика Localytics објави извештај во кој стои дека новиот мобилен оперативен систем на Apple, iOS 5, кој е достапен само 5 дена, веќе го има на 33 отсто од сите iOS уреди. Од оваа процентуална застапеност може да се заклучи дека новиот iOS 5 е веќе достапен на еден уред од три кои ја поддржуваат оваа нова верзија.

Според извештајот на Localytics, iPad 2 и iPhone 4 водат пред останатите уреди, со 36 и 35 отсто од вкупниот број на овие модели, оригиналниот iPad е веднаш зад нив со 33 отсто, за потоа да дојде iPhone 3GS со 27 отсто, третата генерација на iPod Touch со 23 отсто, и четвртата генерација на iPod Touch со 17 отсто. Овие бројки не го вклучуваат новиот iPhone 4S, бидејќи овој модел автоматски доаѓа со новиот мобилен оперативен систем iOS 5.

Интересно е тоа што и покрај фактот дека најозборуваната опција која ја нуди iOS 5, личниот асистент Siri, може да работи само на хардверот на новиот iPhone 4S, новиот оперативен систем се покажа доста популарен помеѓу Apple корисниците.

2 коментари на “OS 5 во рок од пет дена е достапен на една третина од сите мобилни Apple уреди

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии