Неколку македонски медиуми објавија заедничко јавно писмо со кое ги опоменуваат сите веб портали и радио станици во Македонија да не преземаат нивна оригинална содржина. Еве што се вели во писмото:

„На средбата одржана на 24.12.2009 присутните претставници од долупотпишаните медиуми ја утврдија штетата која произлегува од неавторизираното и неконтролираното преземање на информации од овие медиуми во целост или делумно од дел на веб порталите и радио станиците во Република Македонија, со што директно се крши законот за авторски права, но и се нанесува реална штета со намалување на бројот на посети на порталите на медиумите кои ги продуцирале овие вести (информации).“

Како решение т.е спречување на преземање потпишаните медиуми бараат „најдоцна до 01.02.2010 на своите портали, преземените вести да ги објавувате само со наслов (поднаслов), директен линк (URL) до изворната вест, и тоа само оние вести и други информации кои соодветниот медиум би ги публикувал во наменски RSS (Really Simple Syndication) формат и во количина (наслов, датум, линк, фотографија итн.) која е публикувана со истиот RSS формат“. Во спротивно медиумите ќе тужат.

Ова е интересно писмо бидејќи повикува на правила во македонскиот интернет простор што се однесува до преземената содржина. Но, од друга страна е малку претерано ограничувањето на линк и наслов. Исто така писмото повеќе е претење отколку што нуди реално решение.

Во писмото се вели дека е „утврдена штетата од преземаните неавторизирани вести“. Точно дека се нанесува штета, ви смисла пренесен „copy-paste“ текст краде посети со тоа и реклами, но… во писмото не се наведува кои се тие што преземаат и што се презема? Сите веб портали? Не верувам дека специјализирани веб портали крадат содржина од дневни весници. Агрегатори на вести? Но, дали агрегаторот на вести Time.mk и Daily.mk презема вести или носи дополнително посети? Еве што пишува во соопштението на Time.mk наменето кон оваа писмо.

Mожеби македонските медиуми велат дека не агрегаторите, туку веб порталите преземаат. Но потпишани се Kajgana.com и IdiVidi.com.mk кои се веб портали. Еве пример од вест на Kajgana.com.

Во веста никаде не пишува извор! Зарем Кајгана има новинари во Москва? За кого „изјави Лужков..“? Од каде е оваа содржина? Тие прават посети и реклами од оваа содржина. Како е регулирано ова? Дали имаат соработка со некоја новинска агенција? Кој е автор на сликата и од каде е преземена? Еве како изгледа истата вест на News.com.аu каде што е ставено до знаење дека г-дин. Лужков разговарал со Interfax.

Имав интересен разговор со Дарко Лазаревски, уредникот на Kajgana.com, кој посочи дека Kajgana.com редовно наведува извор, нормално понекогаш се случуваат и грешки, и дека IT.com.mk треба да земе некој друг пример од други портали кои постојано преземаат текстови без извор.

„Конкретниот проблем од кој лично сме засегнати и поради кој се приклучивме кон иницијативата (во писмото објавено денес) за нас не се агрегаторите на вести, туку бесрамното секојдневно „copy-paste“ крадење на статии објавени на нашиот портал, кои секојдневно ги читаме на други македонски портали, весници, па и ги слушаме читани на радио (заедно со печатните грешки кои ние сме ги направиле). Превид може да му се случи на секој, но постојат и такви чие целокупно функционирање е базирано на секојдневно „copy-paste“ крадење на содржини. Писмото претставува иницијатива за решение на овој проблем, со кој сите се соочуваме.“ вели Дарко.

Но, иако Дарко е во право, се случуваат грешки и треба нешто да се преземе, сепак горенаведениот текст е сè уште без автор на текстот и без автор на фотографијата.

Чудно е иако сите медиуми, сите извори и сите дела се онлајн и се достапни преку линк сепак оваа линк економија не се почитува. Ова е корисно и за оригиналниот автор, да биде линкан и да добие кредибилитет, и за тие што линкаат бидејќи споделуваат информација. Интересно е како функционираат основните авторски права, основната етика за преземање вести од други медиуми во Македонија? Што е јавна информација, а што треба да се наведе извор т.е да се линка? Дали воопшто знаеме…?

Правилата за преземање важат за сите медиуми, без врска дали се веб или печатени. Еве што вели комуникологот Сеад Џигал од New Media Center.

Но….

Не е намерата да се исмејат медиумите кои се потпишаа под писмото. Како што напишав погоре, вакво писмо, вакватa дебата е од огромно значење бидејќи како што се генерира содржина на интернет без врска дали е објавена на медиум, веб портал или блог, така постои огромна можност таа содржина да се украде. Секоја веб страна се труди да генерира читатели. Со посетите доаѓаат и рекламите. Секое „copy-paste” преземање е недозволено. Авторските права мора да се почитуваат! Затоа е потребно да се линка до изворот, заради авторските права, но и заради линк економијата која пред се е важна за читателот кој мора да е на прво место. Содржината е онлајн и јавна, едностано линкање до неа во текст нема да наштети на медиумот, туку ќе го посочи читателот кон повеќе информации.

Иако го подржувам писмото и иницијативата, глупаво е под некој етички договор да се потпишуваат медиуми кои самите не ја почитуваат основната етика.

Потребно е дебата за оваа тема, потребно е решение за овој проблем со крадење текстови. Затоа повелете на Twitter, Facebook, колумни, блогови, веб портали, телевизии или коментарите подолу и споделете го вашето мислење.

Додатно за читањe:

IT.com.mk пишува и произведува своја оригинална содржина. Секој преземен текст, цитат или пасус е со линк до изворот. Секое недозволено преземање на содржината на IT.com.mk од страна на било кој медиум ќе не принуди да се „заштитиме со надлежните судски органи“

3 коментари на “Оригиналната содржина е моја!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии