Организирајте се подобро со JSP Live

JSP Live е една од многуте автобуски апликации кои го следат јавниот превоз во Скопје. Апликацијата е дело на Томче Делев и е достапна на Google Play. Интересно за оваа апликација е што го следи сообраќајот во реално време и ви овозможува подобро да се организирате.

Со оглед дека надвор е ладно, и најчесто загадено, времето кое сакате да го поминете на отворено треба да го минимизирате. Токму ова ќе го овозможи JSP Live. Апликацијата следејќи го распоредот  на секој автобус многу попрецизно ги известува своите корисници. Вакви табли се поставени на дел од автобуските станици, и прилично се точни. Единствен недостаток е што таблите ги нема на сите станици, а со апликацијата ова се поправа.

Токму прецизноста е една од работите кои ја потенцираат најголем дел од корисниците. Апликациајта ги има податоците од таблите од секоја постројка. За користење е потребна интернет врска и дозвола за отчитување на локацијата на корисникот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии