Оreo тргнаа кон Гинисов рекорд за број на Like-ови, Лил Вејн ги претрка

Оreo на нивната страница имаат 16.6 милиони фанови од целиот свет. Од компанијата велат дека сакале нешто кое е навистина глобално и каде ќе можат да учествуваат сите нивни фанови.

Нивната цел беше да поминат 45.000 „лајкови”, додека Гинисовата книга на рекорди ја одбра границата од 25.000 Like за 24 часа. Предизвикот почна добро, и Оreo собраа 50.000 „лајкови” со 19 часови до крајот на предизвикот. Се е тоа супер, но во текот на денот раперот Лил Вејн реши да ја искористи таа идеја и го презеде предизвикот, постирајќи го истото на својот профил. Во рок од 45 минути, Лил Вејн собра околу 200.000 „лајкови” од своите 20 милиони фанови на неговата страница. Во моментов тој има скоро половина милион Like-ови на својот пост.

Не се знае дали Лил Вејн ги извести одговорните од Гинисовите Рекорди дека и тој ќе се обиде да го направи истото како Oreo, што е потребно за регуларно да се евидентира рекордот.

Ова е уште еден интересен начин како се користи Facebook како друштвен и вирален медиум за да се допре до огромен број корисници за неверојатно брзо време и со тоа да се промовира брендот. Еве за оние кои можеби ќе сакаат да срушат некој рекорд на Facebook, да видат кои се минимум барањата, и како да се пријавите: Facebook Гинис рекорди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии