Oreo, новата надградбата на Android, пристига наскоро

Image courtesy of Google

Google со кусо видео ја претстави новата верзија на оперативниот систем Android 8.0 Oreo. Заедно со името, Google го објави и отворениот код на оваа верзија на Android.

Вообичаено надградбата на оперативниот систем најпрво доаѓа на Nexus уредите, на кои овој пат им се приклучуваат и Pixel телефоните. Компанијата објави дека веќе е тестирна верзијата на Nexus 5X, Nexus 6P, Pixel и Pixel XL. Секако оперативниот систем ќе биде достапен и на хромбукот Pixel C. Сите кои имаат регистриран уред во бета програмата можат да ја очекуваат финалната верзија на оперативниот систем.

До крајот на годината производителите на телефони ќе започнат да ги издаваат првите Android 8.0 уреди. Essential, General Mobile, HMD Global Home of Nokia Phones, Huawei, HTC, Kyocera, LG, Motorola, Samsung, Sharp и Sony ќе бидат првите производители кои ќе издадат телефони со новиот оперативен систем. Интересно, ова е прв пат да биде спомената Essential, компанијата на креаторот на Android, Енди Рубин, кој сега работи на паметен телефон.

Android 8.0 Oreo

Оперативниот систем доаѓа со повеќе надградби. Корисникот ќе може да забележи дека благодарение на оптимизација, телефонот се бутира два пати побрзо со надградбата. Функционалност во Oreo ќе ја ограничи активноста на апликациите кога не се фокусирани, а со тоа ќе заштеди и на батеријата, но и на ресурсите кои му се на располагање на телефонот.

Еден од новитетите е можноста за истовремена работа на две апликации. Функционалноста наликува на слика-во-слика кај телевизорите. Едната апликација е отворена на цел екран, а другата во помало прозорче во некој од аглите. Корисноста на оваа функционалност секако зависи од големината на екранот на уредот. Изгледа дека е покорисна кај таблет компјутерите и кај телефоните со поголем екран.

Оперативниот систем доаѓа и со промени во панелот за нотификаци, нов изглед, нови бои и функционалност. Сепак, најважниот додаток е ветувањето од Google за поголема безбедност. Google Play Protect e функционалност која треба да ја намали опасноста од малициозни апликации од Google Play.

„Најважно, Android 8.0 доаѓа со модуларизација на оперативниот систем настрана од хардверот, ова треба да го олесни и развојот и издавањето на надградби на оперативниот систем“, вели Ars Technica.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии