Општина Центар ќе се обиде да ги анализира рутите на велосипедистите

Ако сте незадоволни поради недостатокот на велосипедски патеки во Општина Центар, сега конечно може да делувате. Општина Центар започнува со прибирање на податоци за најчестите велосипедските рути по кои возат велосипедистите. На овој проект општината соработува со Архитектонскиот факултет кои преку популарната фитнес апликација Strava ќе собираат и анализираат податоци, но се разбира најважен дел од целиот процес се велосипедистите.

Без учество на велосипедистите овој проект нема да биде успешен. За анализа се потребни краудсорсинг податоци, односно секој велосипедист треба да ја користи апликацијата и да дозволи неговите рути да бидат јавно објавени. „Преку преземање и користење на Strava, секој граѓанин може да придонесе во создавањето на подобра велосипедска инфраструктура во реалниот простор. Поконкретно, ГИС експерт и професори по урбанизам со помош на податоците од мобилната апликација ќе анализираат некои од следниве параметри: должина на патувања; просечна брзина на различни улици; места и време на застој во движењето; најчести дестинации и најпреферирани улици за движење на велосипед; состојба и потреба од паркинг итн“, објаснува Општина Центар.

Резултати од користењето на апликацијата ќе се презентираат преку разбирливи „heat“ мапи, и овие параметри, заедно со резултатите од претходната web анкета ќе се користат за утврдување на најзначајните велосипедски рути, односно за нивно подобрување.

Прибирањето на податоци има и награден карактер, па возачите кои најмногу придонесуваат ќе добијат и награди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии