Опсесијата да фотографираме глупости ни ги уништува убавите спомени

Американците во 2014 година правеле по 10,3 милијарди фотографии секој месец, покажува истражување на Shutterfly , што јасно покажува дека благодарение на паметните телефони доживуваме хиперпродукција на фотографска содржина. Но, ова и не е толку добро колку што изгледа.

Земете било кои од фотографиите од пред 10 години, речиси за секоја од нив ќе се потсетите на настанот и местото каде сте фотографирале и што се случувало, вели Quartz. Доколку истото го направите за фотографии кои сте ги направиле со вашиот телефон, најверојатно добар дел од нас, ниту знаат каде, ниту зошто сме ја фотографирале.

Причина за ова најверојатно е бидејќи наместо моменти кои што нешто ни значат, започнавме да фотографираме глупости. Јадењата во ресторани, пијалоците, нова гардероба, патики, почесто се споделуваат од моментите кои се навистина важни. Уште поинтересни се резултатите од експеримент кои покажуваат дека колку почесто фотографираме толку мозокот повеќе зависи од овие фотографии како помош при сеќавањата, па почесто го забораваме вистинското чувство кое сме го имале во некој момент. Студијата направена на 74 студенти од кои било побарано да набљудуваат дел од поставките без камера, а дел со камера. Најверојатно претпоставувате дека без фотографирање, студентите подобро се сеќавале на делата кои не ги фотографирале.

Можеби токму резултатите од оваа анализа и го поставуваат единственото важно прашање: дали е потребно да ги ставаме фотографиите пред моментите или можеби сепак е подобро да оставиме важните моменти да ни бидат врежани во сеќавањата? Се разбира дека ги фотографираме и моментите кои навистина вредат, но колку често овие фотографии остануваат загубени во купиштата безначајни фотографии. Можеби следниот пат пред да го извадите телефонот за да фотографирате ќе сакате да се запрашате колку ќе ви значи оваа фотографија по неколку месеци или утре…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии