Опсада на Бит-пазар? Први информации преку Twitter

Зошто се користат контејнери за блокада на булеварот „Цветан Димов“ кај Бит-пазар во Скопје, и зошто се рутираат автомобилите накај турска чаршија? Масовнa тепачка? Полиција нема. Што се случи на Бит-пазар, недела во 14:30 часот?

Првите информации дојдоа од Twitter, поточно од Борис Ристовски кој го следеше случувањата од кров на зграда, „мрзне“ и освен по некоја информација, има и фотографии од случувањата користејќи го својот мобилен телефон. Сите овие информации доаѓаат пред да се појави полицијата на местото, и доаѓаат пред некој медиум воопшто да информира.

Ова е граѓанско новинарство.

не е готово, направиле барикада сега на булеварот.. ајде бе новинари бекнете нешто :) #bitpazar #opsadaless than a minute ago via Saezuri

веќе ни петарди не се пукаат (валда за да нема забуна), само гласни извици, на албански #bitpazar http://twitpic.com/3hfzffless than a minute ago via Twitpic

14 коментари на “Опсада на Бит-пазар? Први информации преку Twitter

  1. Гледав неколку вести попладнево и настанот не беше покриен во попладневните, туку дури во вечерните изданија… Хм.

  2. Што мешате политика со текстов… Работата е дека преку социјалните мрежи може да стигнеме брзо до секакви информации , дали локални или интернационални :)

    Борис го постигна тоа , и покажа дека секој може да придонесе до тоа :))) Twitter за разлика од Facebook е далеку по-продуктивна мрежа и корисна… Не очекувајте спамови и тролови толку како на Facebook…

    И нема лажни профили , лесно можеш да го најдеш тоа што го бараш и брзо да комуницираш. Нормално , не цел ден да дремеш на Twitter и да не излезеш надвор…

  3. Не можам да поверувам од коментариве дека дури и тука, на овој веб-сајт, зборувате за политика. Текстот е за нешто сосема друго, што нема никаква врска со политика.

  4. Zosto sega Grueski ne isprati policajci, jas licno bev prisuten koga bese pocetokot na blokadata, nemase nitu eden policaec, mu fufka li na Grueski da se zakaruva so Ahmeti. Alal da mu e se gleda koj ke ja brani nasata drzva, vaka li se pokazuva patriotizam. Grueski napustaj go premierskoto mesto dosta ti e, ne si ti za da ja vodis nasata drzava.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии