Oppo претстави импресивно безжично полнење

Дејан Соколоски

во Мобилни

Oppo најави нова безжична платформа за полнење кој овозможува полнење на паметни телефони на растојание од 10 сантиметри. Вообичаено овие полнења доаѓаат без можност за оддалечување на уредот од полначот, и единствена разлика е непостоење на физички приклучок. Wireless Air Charging користи магнетна резонанса да испорача 7,5 W електрична енергија на растојание од 10 сантиметри. Во кусото видео од 30 секунди кое го објави Oppo може да видиме како концепт телефон се полни оддалечен од докот.

Со оглед на тоа како изгледа концепт телефонот Oppo X 2021, тешко е да се одлучиме дали телефонот или полначот е поимпресивен.

Веќе сме виделе и полначи кои можат да полнат уреди на растојание од неколку метри и ова не е новитет. Сепак овие полначи се и поголеми и без сомневање ќе бидат и поскапи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии